Топ Вести

ЈАКОВ ГОЈУН ЗАМИНУВА ОД ПАРИ СЕН ЖЕРМЕН

22.04.2015 14:01
10393810_10153803744674689_776171832136254397_n_resize

za tekst

Почнаа да се остваруваат прогнозите дека ќе се распадне хрватската колонија во ПСЖ. Официјално, прв замина Јаков Гојун (29), кој денеска потпиша за екипата на Фуксе Берлин, а скоро сигурно е и заминувањето на Марко Копљар, кој одигра бледа сезона за “Светците“ и кој е особено на удар по случајот со гризнувањето на ракометарот на Шамбери, Бенџамин Жил, за што доби и шестмесечна суспензија. За Копљар наводно била заинтересирана Барселона. Единствен, кој сигурно останува во ПСЖ, е пикерот Игор Вори, кој неодамна го продолжи договорот за уште две години.

Јаков Гојун потпиша тригодишен договор со Фуксе Берлин, а во кариeрата настапувал и за Солин, Замет, Сисција, Загреб, Атлетико Мадрид и ПСЖ.

Прочитано 1.611 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − 3 =