Топ Вести

ЈАНКО БОЖОВИЌ: КОЈ НЕ ВЕРУВА ВО ПОБЕДАТА НЕ ТРЕБА ДА ИЗЛЕГУВА НА ТЕРЕН

29.09.2015 15:55
MJI_3985_resize

za tekst

Јанко Божовиќ со своите настапи брзо ги освои срцата на македонските љубители на ракометот. Неговите игри во првите две кола на Лигата на шампионите го сместија на второто место на листата на стрелците, а му обезбедија и место во идеалниот тим на второто коло.

Го прашавме Јанко дали веруваше во победата против екипата на Кадетен Шафхаузен…

Секако, кој не верува во победата не треба да излегува на терен. Натпреварот не беше воопшто лесен, но ние одигравме тимски и ја решивме средбата во наша полза. Пред натпреварот бевме полни со оптимизам и драго ми е што за тоа, како што гледате, имавме и основа.

Втор стрелец си во Лигата на шампионите, си бил ли досега во таква ситуација…

– Не, не сум бил. Но, за мене тоа е споредно, важно е добро да играме и да победуваме. Незнам дали ќе се задржам толку високо на таа листа, но знам дека на секој натпревар ќе давам се од себе, па ќе видиме.

Како сега гледаш на шансите на Металург во Лигата на шампионите…

– Победата против Шафхаузен го подигна нашиот морал и ги зголеми и нашите амбиции, но секој натпревар е приказна за себе. Треба да продолжиме со темпото што си го наметнавме, треба да играме на секоја средба максимално добро, а, ако така биде, сметам дека имаме добри шанси да ја минеме групата.

Минаа два месеци, како сега го гледаш Металург…

– Мислам дека ќе изненадиме. Имаме голем потенцијал, тренираме напорно, но најважно е што сме екипа, што имаме свој карактер и што имаме тренер кој си ја знае работата.

Дали се чувствуваш како лидер на овој млад состав на Металург…

– Незнам дали сум лидер на нашата млада екипа, можеби сум еден од поискусните. Во секој случај, јас се трудам да го пренесам своето искуство на моите соиграчи, се трудам да ги поддржам и да ги мотивирам. Ако успевам во тоа и ако тоа се квалитети потребни за лидерска позиција во тимот, тогаш добро.

Прочитано 1.191 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − = 3