Топ Вести

Јуле Црвенкоска: Децата ни се на првото место

23.06.2016 17:58
13493688_109774482786332_1513331418_o_resize

Овогодишниот камп за мене е петти по ред и, како и секој претходен, организациски и работно минува според планираното. Со децата работиме најмногу на совладување на моторичките способности како и на најосновното учење и усовршување на техничките елементи на ракометната игра.

Атмосферата и дружењето меѓу нашите дечиња е на највисоко ниво, а доказ за тоа се и фотографиите од нив, на кои се гледа работната атмосфера и насмеаните лица на децата и нивното задоволство.

Децата ни се на прво место, а приоритет ни е да изградиме здрави и вистински личности, полни со самодоверба. Идни ракометари и ракометарки, кои со љубов и желба ќе го работат тоа што најмногу го сакаат и во кое се вложуваат себе си.

Сепак, ракометот е игра на страст. Handball passion“, вели Црвенкоска

Прочитано 448 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 1 = 5