Топ Вести

Јуниор од Струга и Астра Спорт од Каменица се победници на Лигата на Металург за 2016 г,.

04.06.2016 19:18
_DSC0052_resize

Денеска во Автокоманда се одигра завршниот турнир во Лигата на Металург за генерација 2002/3. Победници на Лигата за оваа година се Јуниор од Струга, во машка, и Астра Спорт од Каменица во женска конкуренција.

Постигнати се следните резултати:

Машки:

Репро 1 – Јуниор 12:14 (5:9)

Астра Спорт – Репро 1 9:18 (2:9)

Јуниор – Астра Спорт  22:14 (8:3)

Првото место го освои Јуниор од Струга, предводен од Јаковче Матлиески, втора е екипата на Репро 1 од Скопје на Силвана Миленковиќ, додека трет е тимот на Астра Спорт од Македонска Каменица, на Мирјана Гошевска.

Женски:

Репро 21 – Макалоски  9:17 (5:9)

Астра Спорт – Репро 21  7:4 (2:2)

Макалоски – Астра Спорт  12:13 (4:6)

Првото место го освои Астра Спорт од Македонска Каменица, на Мирјана Гошевска, втора е екипата на Макалоски од Прилеп, предводена од Гоце Макалоски, а трет е тимот на Репро 21 од Скопје на Силвана Миленковиќ.

Прочитано 825 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 − 2 =