Топ Вести

Кадетите на Македонија ЃП заминаа од Автокоманда “потешки“ за 51 гол

30.10.2017 23:37
_DSC0001_resize

Во првото коло на кадетското првенство на Македонија, група 3, во Автокоманда гостуваше екипата на Македонија ЃП.

На овој натпревар расположените ракометари на Металург, јавни фаворити пред почетокот на средбата, добија можност да го претстават сиот свој напаѓачки арсенал, што резултираше со комплетен дебакл на гостинскиот тим. Металург успеа да постигне дури 51 гол и да ја добие средбата со разлика од дури 23 гола.

Резултатот го отвори тимот на Македонија ЃП, но потоа се беше во знакот на нашите ракометари. Недостижна предност имавме веќе по првото полувреме, а високата разлика значително ја надоградивме во вториот дел.

.

РК Металург – РК Македонија Ѓорче Петров  51:28 (24:14)

РК Металург: Ацевски, Табаковски 7, Фидановски 3, Грујоски 2, Донев 2, Штерјев 1, Ивановски, Меловски 5, Димевски 1, Андревски 4, Вељановски 5, Прентовски 6, Рачевски 2, Марковиќ 4, Николов 5 и Дуновски 4.    Седмерци: 3/4.    Исклучувања: 10 минути.

РК Македонија Ѓорче Петров: Панчевски, Фидановски, Добревски 3, Николовски 1, Недовиќ 2, Златановски 7, Симеоновски, Лалов 1, Тасиќ 3, Јовановски 5, Станковски 4 и Крстевски 2.

Судии: Дичовски Бојан и Василевски Ѓорги од Скопје.

Делегат: Ѓоргиевски Милко од Скопје.

Прочитано 0 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − = 1