Топ Вести

Кадетите на Металург финалисти на кадетскиот фајналфор

24.04.2016 12:50
_DSC0087_resize

Во Автокоманда денеска се решава новиот шампион на Македонија во кадетска конкуренција.

На фајналфот-турнирот пласман обезбедија Металург, Вардар Јуниор, Јуниор Струга и Работник.

Во првото полуфинале екипата на Металург високо го совлада тимот на Јуниор од Струга, со резултат 33:21 (21:9) и обезбеди настап во финалето.

Тоа беше натпревар со јасна доминација на нашиот тим, кој на гостинскиот состав му дозволи само едно израмнување (1:1) во текот на целиот натпревар. Победникот стана познат веќе по првото полувреме, кое го добивме со 12 гола разлика, па во вториот дел практично ништо не се измени.

Финалната средба се игра со почеток во 19 часот.

Металург – Јуниор Струга  33:21 (21:9)

Металург: Тодоров, Трајковски, Анѓеловски, Меловски 6, Кофиловски 3, Новокмет 2, Марко Божиновски, Јовановски, Мартин Божиновски, Митиќ 1, Радевски 1, Ристовски 4, Василевски, Серафимов 10, Димитров 1 и Ников 5.    Седмерци: 5/5.     Исклучувања: 8 минути.

Јуниор Струга: Аврамовски, Поповски 3, Џигеровски 3, Христовски, Јовчев 5, Гучески 1, Наумовски, Симоновски 4, Крстановски 4, Наум Костовски, Ненад Костовски 1 и Пајковски.   Седмерци: 1/1.     Исклучувања: 6 минути.

Судии: Вукашиновски Александар и Трајковски Мирко од Скопје.

Делегат: Реџепи Мамер од Скопје.

Прочитано 663 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + 3 =