Топ Вести

Кадетите на Металург го декласираа Илинден Вардар

14.03.2016 00:57
DSC0337_resize

Кадетите на Металург одиграа одличен гостински натпревар против врсниците од Илинден Вардар, кои ги декласираа, со резултат 36:17 (15:8).

Средбата само на почетокот беше рамноправна, се до резултат 6:6, од кога и почна нашата доминација, најпрво со серија од 5:0, за 11:6. До одморот веќе стекнавме предност од 7 гола, но вистинскиот притисок домашниот состав го почувствува во второто полувреме, кое го добивме со резултат 21:9.

Илинден Вардар – Металург  17:36 (8:15)

Металург: Богдановски, Тодоров 1, Димитров 8, Ангеловски 4, Меловски, Кофиловски 1, Новокмет, Марко Божиновски 4, Кондев 2, Мартин Божиновски, Митиќ 1, Ристовски 2, Серафимов 4, Максимовиќ 3, Стојановски 1 и Ников 4.    Седмерци: 1/4.     Исклучувања: 0 минути.

Прочитано 698 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − = 4