Топ Вести

Кадетите на Металург го надиграа тимот на Војнисон Вардар

27.11.2017 22:05
DSC_1620

Во рамките на 5. коло на кадетската лига, група 3, кадетите на Металург во Кичево го декласираа тимот на Војнисон Вардар, кого го совладаа со убедливи 38:16 (22:10).

Тоа беше натпревар на две различни по квалитет екипи, а победникот беше решен веќе во првата половина од првото полувреме, кога нашите ракометари направија серија од 6:0 и поведоа со 9:3. Оваа разлика беше дуплирана до крајот на првите 30 минути, а катастрофата ја потврди второто полувреме во кое Металург создаде дополнителни 10 гола разлика, за конечни +22.

.

Војнисон Вардар – Металург  16:38 (10:22)

РК Металург: Ацевски, Табаковски 2, Фидановски 2, Димевски 2, Донев 2, Марковиќ 5, Ивановски, Јорданов 1, Мелоски 2, Андревски 6, Вељановски 3, Прентоски 2, Рачевски 3, Стојановски 3, Николов 4 и Грујоски 1.    Седмерци: 1/3.     Исклучувања: 2 минути.

Прочитано 1 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + = 13