Топ Вести

Кадетите на Металург го “решија“ и РК Бутел

03.12.2017 14:17
DSC0123_resize-610x405

Во рамките на 6. коло на кадетската лига, група 3, во Автокоманда гостуваше екипата на РК Бутел. По интересни 60 минути игра, нашите кадети стигнаа и до петтата победа, извојувана со резултат 32:21 (15:9).

Првата половина од првото полувреме мина во испитување на силите на двете екипи и беше рамноправна. Но, во продолжението нашите млади ракометари заиграа според својот квалитет и крајот на првиот дел го дочекаа со предност од 6 гола, 15:9.

Откако ја обезбедија победата во првото, второто полувреме кадетите на Металург го одиграа рутински и без осцилации, па конечните + 11 гола се реални и заслужени.

По шест одиграни кола, кадетите на Металург се второпласирани, со пет победи и еден пораз. Во следното коло, последно во 2017 година, нашите кадети и гостуваат на екипата на Шампион.

.

РК Металург – РК Бутел  32:21 (15:9)

РК Металург: Ацевски, Фидановски 3, Стерјов, Донев, Јовановски 3, Ивановски, Вељановски 1, Меловски 5, Јорданов, Андревски 5, Дуновски, Прентовски 4, Рачевски 5, Стојановски, Николов 4 и Петковски 1.   Седмерци: 9/9.   Исклучувања: 10 минути.

РК Бутел: Папазов, Танев 4, Јовановски 1, Нунев, Стојчевски 2, Стојковиќ 2, Песанески 1, Митев, Ѓорговски 2, Ангелов, Стоилковски 6, Георгиевски 2, Јачовски и Груби 1.   Седмерци: 5/8.   Исклучувања: 10 минути.

Судии: Кимовски Благоја и Михајлов Блаже од Скопје.

Делегат: Куртовиќ Цано од Скопје.

Прочитано 1 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


1 + = 10