Топ Вести

Кадетите на Металург подобри од Вардар Јуниор

30.03.2016 02:26
DSC0289_resize

Дербито во кадетската лига, меѓу екипите на Вардар Јуниор и на Металург, заслужено им припадна на нашите ракометари, кои победата ја оствариле на теренот на противникот.

Металург, по голема борба, победи со резултат 30:27 (15:15).

Победата е апсолутно заслужена, бидејќи во најголемиот дел од првото и во комплетното второ полувреме предноста беше на наша страна, а на моменти водевме и со шест гола разлика.

По ова десето коло, Металург е единствената екипа со максимален број на бодови.

Capture

Вардар Јуниор – Металург  27:30 (15:15)

Вардар Јуниор: Ќосевски 7, Антевски 1, Нанов 3, Николовски, Кизиќ, Карапалевски 12, Благопетров 2, Брунчевиќ, Динев, Атанасовски 1, Ангеловски, Тевдовски, Гроздановски 1, Мајсторовски, Стојановски и Биковски.   Седмерци: 1/1.    Исклучувања: 14 минути.   Црвен картон: Атанасовски.

Металург: Тодоров, Трајкоски, Анѓеловски 2, Меловски 12, Кофиловски 3, Новокмет, Марко Божиновски, Радевски, Мартин Божиновски, Митиќ 4, Ристовски 5, Василевски, Серафимов 4, Максимовиќ, Стојановски и Димитров.     Седмерци: 2/5.    Исклучувања: 10 минути.

Судии: Вукашиновски Александар и Трајковски Мирко од Скопје.

Делегат: Реџепи Мамер од Скопје.

Прочитано 431 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 + 8 =