Топ Вести

Кадетите на Металург се старо-нови шампиони на Македонија

09.04.2017 18:01
_DSC026re7_resize

Во Автокоманда вечерва заврши фајналфорот во машка кадетска конкуренција, а новиот шампион на Македонија е екипата на Металург, која на овој начин го одбрани пехарот освоен минатата сезона.

Во финалниот натпревар Металург го совлада градскиот ривал Вардар, со резултат 27:25 (17:14).

Победата на нашите кадети е апсолутно заслужена, бидејќи водевме во текот на сите 60 минути, а единственото што го направи нашиот противник се двете израмнувања на резултатот на самиот почеток, 1:1 и 2:2.

Металург уште во првата половина од првото полувреме обезбеди предност од пет гола, која Вардар успеа да ја намали до крајот на првиот дел, 17:14.

Во второто полувреме се водеше исцрпувачка борба за секоја топка и за секој гол. Металург постојано одржуваше предност од 2 до 4 гола, додека Вардар се трудеше да ја анулира нашата позитива. Во четири наврати Вардар успеа да се доближи на само еден гол разлика, но немаше сили за целосен пресврт.

Им честитаме на нашите кадети и на тренерот Никола Матлиески за големиот успех.

Металург – Вардар   27:25 (17:14)

Металург: Тодоров, Анѓеловски 2, Меловски 7, Кофиловски 6, С.Додиќ, Димитров, Кондев, Стојановски, Божиновски, Митиќ, Радевски 1, Ристовски 8, Василевски, Максимовиќ, Костески 3 и Ников.    Седмерци: 4/7.   Исклучувања: 16 минути.

Вардар: Ќосевски 2, Динев, Антевски, Миланов, Милошески 3, Тушев, Атанасовски 2, Биковски 1, Кизиќ,Олтовски, Нанов 6, Николов 5, Стојановски, Мисаилески 4, Мајсторовски 2 и Наков.     Седмерци: 10/13.   Исклучувања: 12 минути.

Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје.

Делегат: Најденовски Миле од Скопје.

Во борба за третото место, битката меѓу двете екипи од Струга ја доби Струга,совладувајќи го Јуниор Ивни со резултат 30:29 (16:14).

За најдобар играч на турнирот е прогласен Сеад Бајрамовски од екипата на Струга. Најдобар голман е Марко Кизиќ од Вардар, а титулата најдобар стрелец ја понесе Кузмановски Цветан од Струга.

Прочитано 3 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 8 = 9