Топ Вести

Кадетите на Металург убедливи против Радовиш

19.04.2016 23:46
DSC0298_resize

Во 14. коло од кадетската лига на Македонија, во Автокоманда гостуваа кадетите на Радовиш, кои на крајот убедливо се поразени од Металург, со резултат 20:31 (8:17).

Неизвесноста на овој натпревар траеше само неколку воведни минути, се до резултат 2:2, а потоа Металург тргна во офанзива и спроведе серија од дури 7:0, која на стартот го реши и победникот наа оваа средба. Првото полувреме заврши со резултат 17:8, додека во вториот дел се играше нешто посмирено и овој дел го добивме со 14:12, за конечни 31:20.

.

Металург – Радовиш  31:20 (17:8)

Металург: Богдановски, Тодоров, Трајковски 2, Анѓеловски 4, Меловски 4, Кофиловски 1, Новокмет, Марко Божиновски 3, Јовановски 1, Мартин Божиновски, Митиќ 3, Ристовски 3, Серафимов 6, Максимовиќ 1, Димитров и Ников 3.    Седмерци: 3/3.     Исклучувања: 8 минути.

Радовиш: А.Танушев, Јованов 1, С.Танушев, Глигоровски, Ѓоргиев, Јованов 1, Атанасов, Постолов 8, Ристов 7, Митев, Милков, Биличи, Глигоров 3 и Трајанов.   Седмерци: 4/6.     Исклучувања: 6 минути.

Судии: Андонов Виктор и Јовановски Стојанчо од Скопје.

Делегат: Младенов Сашо од Скопје.

Прочитано 372 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 − = 2