Топ Вести

Кадетите на Металург запишаа нова победа

22.03.2016 02:49
DSC0425_resize-610x405

Нашите кадети извојуваа нова победа, овој пат против тимот на Вардар Неготино, кого го поразивме со резултат 34:23 (19:10).

Средбата со гостите од Неготино беше решена веќе во првото полувреме, кое го добивме со девет гола разлика, 19:10, па во вториот дел немаше потреба за дополнителен притисок, особено што разликата во квалитетот на двете екипи беше очигледно на наша страна, па гостите немаа сили нешто да сменат.

По девет одиграни кола нашиот тим има девет кристално чисти победи.

Металург – Вардар Неготино  34:23 (19:10)

Металург: Богдановски, Тодоров 1, Трајкоски 4, Меловски 3, Кофиловски 7, Новокмет 2, Марко Божиновски, Радевски 1, Кондев 2, Митиќ, Петревски 2, Ристовски 4, Василевски, Серафимов 3, Максимовиќ 2 и Стојановски 3.    Седмерци: 3/4.    Исклучувања: 2 минути.

Вардар Неготино: Божинов, Ташев, Здравковски, Кузманов 6, Н.Цветков, Камендолиев, К.Цветков, Стаменов 2, Астарџиев, Паланков 8, Митевски, Мицев, Арсов И.Лазар 6, Арсов В.Лазар, Орешков и Трајков 1.     Седмерци: 2/3.    Исклучувања: 8 минути.

Судии: Георгиевски Иво и Младеновски Виктор од Скопје.

Делегат: Младенов Сашо од Скопје.

 

Capture

Прочитано 477 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 − 2 =