Топ Вести

Кадетска Македонија последна на турнирот во Полска

29.10.2017 18:23
Bez-tytułu3

Кадетската репрезентација на Македонија се пласираше на последното место на меѓународниот турнир во Плоцк (Полска). Во денешното трето, и последно, коло нашите репрезентативци загубија од врсниците од Чешка, со убедливи 36:28 (19:15).

Иако верувавме дека денешниот натпревар е најлесниот на овој турнир и дека Македонија ќе успее да го освои второто место во Плоцк, се случи неочекуван пад во играта на нашите кадети, кои во текот на целиот натпревар беа послабиот противник. Чешка ги доби двете полувремиња и ја заслужи победата која и донесе второ место на турнирот.

Во вториот денешен натпревар, Полска ја совлада Белорусија, со резултат 30:26 (15:11).

.

Чешка – Македонија  36:28 (19:15)

Македонија: Кизиќ, Василевски, Петковски, Гучевски 1, Џигеровски 3, Меловски 1, Кондев, Ќосевски, Наков 2, Божиновски 1, Митиќ 2, Мајсторовски, Каковски 1, Симоновски 4, Ристовски, Серафимов 9, Карапалевски 4 и Атанасовски.

.

Табела:

1

Полска

3

96:84

+12

6

2

Чешка

3

91:89

+2

3

3

Белорусија

3

82:86

-4

2

4

Македонија

3

87:97

-10

1

.

За најдобар голман е прогласен Јакуб Матлега од Полска.

МВП на турнирот е Војчек Дадеј од Полска.

За најдобар стрелец е прогласен нашиот Мартин Серафимов, со 34 гола.

Прочитано 0 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 − 1 =