Топ Вести

КАНЕЛЈАС ЈА ОДБИ БАРСЕЛОНА, ХАНСЕН СЕ МИСЛИ

19.03.2015 22:15
1426775869_extras_noticia_foton_7_1

za tekst

Вчера се пренесоа информации дека, по сигурното заминување на Никола Карабатиќ, Барселона почна со барање на неговата замена и дека во фокусот на вниманието се Џоан Канелјас од Кил и Микел Хансен од ПСЖ.

Шпанска “Марка“ денеска објави дека Барселона веќе доби одговор од Канелјас и дека тој е негативен, Канелјас е презадоволен во Кил. Микел Хансен, пак, наводно е спремен да ги слушни условите на Барселона и да преговара. Хансен би бил повратник во Барселона, бидејќи настапувал за Каталонците во период од 2008 до 2010 години.

“Марка“ исто така информира дека Барселона е заинтересирана и за Марко Копљар, а радио “Каталуња“ оди и чекор подалеку и тврди дека Копљар веќе договорил тригодишна соработка со каталонскиот гигант. Копљар игра на истата позиција со Кире Лазаров и прашање е колкава минутажа ќе има во својот нов клуб.

Прочитано 2.377 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 − = 1