Топ Вести

Касим Каменица: Ги искористивме нашето искуство и подолгата клупа

04.10.2017 12:36
_DSC0158_resize

Тренерот на ППД Загреб Касим Каменица беше задоволен од резултатот на средбата и на редовната прес-конференција, по натпреварот, го пофали Металург, но ги пофали и своите ракометари.

Касим Каменица: “Сметам дека Металург во овој натпревар влезе посвеж од нас, затоа што ние игравме в недела, а тие в сабота. Бевме потрошени од средбата против Вардар и ни требаше време да влеземе во потребниот ритам и на потребното ниво на игра. Со чести измени ја држевме резултатската неизвесност, сакавме да ги искористиме нашето поголемо искуство и нашиот поголем фонд на играчи, што на крајот и излезе на површина. Поединци ретко двојам, овој пат победи тимот. Тој ни ја донесе победата. Металург има изграден систем на игра и не влијаеше фактот што Лино не беше на клупата. Неговото отсуство не пресуди на мечот. Би им честитал на своите играчи за добрата презентација и сигурната победа, но исто така му честитам и на Металург, кој ни даде достоинствен отпор“.

Игор Вори: “Мислам дека за нас мечот со Металург дојде во многу незгоден момент, по двата порази во Лигата на шампионите. Имавме само еден ден да се одмориме, по тешкиот меч со Вардар. Можеби тоа не беше физички тешко, туку повеќе психички, затоа што дома загубивме и од Целје во СЕХА-лигата. Бевме нервозни во тимот, но мислам дека денес функциониравме како тим во сите 60 минути од средбата. Металург е екипа против која не може да се игра брз ракомет. Имаат напаѓачка дисциплина, не шутираат и не трошат топки, па затоа ни беше тешко да се носиме со нив. Нашата одбрана и нашите голмани беа концентрирани во сите 60 минути, а оваа победа ни е значајна пред важниот натпревар со Висла во Лигата на шампионите“.

Фото:

Прочитано 257 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 + 3 =