Топ Вести

Комплетирано е 10. коло на Лигата на шампионите. Табели

03.12.2017 20:47
19264516_10154860153418666_4777006863536695234_o

Со денешните четири средби, комплетирано е 10. коло од групната фаза на Лигата на шампионите. На двата натпревари од нашата група “Д“, Бешикташ го совлада тимот на Чеховски Медведи, а Мотор Запорожје му го нанесе вториот едноподруго пораз на Монпелје. На останатите две средби, Скјерн катастрофално го совлада тимот на Горење Велење, а Адемар Леон, пак, го победи Елверум.

Лигата на шампионите заврши во групите “Ц“ и “Д“.

Металург заврши на петтото место, со освоени пет бода. Нашиот тим во десетте натпревари извојува две победи, еднаш одигра нерешено и претрпе седум порази.

Во плејофот за пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите ќе настапат екипите на Скјерн и на Адемар Леон од групата “Ц“ и екипите на Монпелје и на Мотор Запорожје од групата “Д“.

Двојките во плејофот се:

Скјерн – Мотор Запорожје

Монпелје – Адемар Леон

Овие пресметки се планирани на крајот на февруари и почетокот на март.

——————————–

Резултати од 10. коло на Лигата на шампионите:

Група “А“:

ППД Загреб – Р.Н.Левен  30:26 (17:13)

Пик Сегед – Висла Плоцк  24:25 (12:14)

Вардар – Кристијанштад  31:15 (14:8)

Нант – Барселона  29:25 (16:11)

Табела:

а

.

Група “Б“:

Фленсбург – Кил  30:33 (15:16)

ПСЖ – Алборг  31:28 (16:14)

Веспрем – Киелце  31:26 (15:15)

Мешков Брест – Цеље ПЛ  29:24 (15:14)

Табела:

б

.

Група “Ц“:

Кадетен Шафхаузен – Динамо Букурешт  27:25 (14:14)

Скјерн – Горење Велење  35:20 (18:9)

Елверум – Адемар Леон  25:30 (13.13)

Табела:

ц

.

Група “Д“:

Спортинг Лисабон – Металург  31:27 (12:15)

Мотор Запорожје – Монпелје  31:30 (14:12)

Бешикташ – Чеховски Медведи  33:29 (16:12)

Табела:

д

Прочитано 1 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − 1 =