Топ Вести

Комплетна доминација: И пионерите на Металург станаа шампиони на Македонија

14.05.2017 18:06
18485928_304506049987168_2887077671586793908_n

Металург демонстрира комплетна доминација во младите категории и веќе се закити со пет шампионски титули во тековната сезона. По двете титули во кадетска (машки и женски) и двете во младинска (машки и женски) конкуренции, денеска сме побогати и за титулата во пионерска категорија. Имено, пионерите на Металург во финалето на фајналфорот што денеска се одржа во Охрид го совладаа братскиот тим на Торо Спорт и се закитија со шампионската титула. До крајот на сезоната останува уште борбата за титулата во конкуренција на пионерки, каде Металург исто така аплицира за највисокиот пласман.

Денешното финале со екипата на Торо Спорт, која ја претставува нашата школа во Виница, мина во доминација на поискусниот РК Металург, кој сите проблеми ги реши уште во првото полувреме.

Честитки до пионерите на РК Металург и на Торо Спорт, честитки и за тренерите Александар Јовиќ и Тодорчо Николов.

Торо Спорт – Металург  21:37 (8:22)

Торо Спорт: Костов, Соколовски 2, Веселинов 1, Ефтимов, Михајлов 9, Лазаров 1, Илиевски 4, Ангелков, Перунковски, Стојменовски 2, Митевски 1 и Никовски 1.    Седмерци: 0/1.    Исклучувања: 2 минути.

Металург: Ацевски, Тодоров 3, Фидановски, Костески 7, И.Мелоски 5, Донев, Ангеловски 2, Д.Мелоски 3, Петковски 1, Василевски, Андревски, Вељановски 3, Прентовски 5, Рачевски 3, Младеновски 1 и Ристовски 4.    Седмерци: 1/1.    Исклучувања: 2 минути.

Судии: Ѓоргиевски Иво и Младеновски Виктор од Скопје.

Делегат: Камер Металари од Скопје.

18485928_304506049987168_2887077671586793908_n_resize

Екипата на РК Металург.

18485765_209658786215019_1570035262084891651_n_resize

Екипата на Торо Спорт.

18485665_304506026653837_3319501895839839442_n_resize

Победничко селфи на пионерите на РК Металург.

Прочитано 0 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − 4 =