Топ Вести

Комплетни резултати од 17. коло на македонската машка Суперлига. Табела

10.03.2018 22:02
FLP_6703

Денеска се одиграни сите четири средби од 17. коло на македонската машка Суперлига. Металург 2 одигра одличен натпревар, но на крајот немаше среќа и ги загуби бодовите. Главен настан на денешниот ракометен ден беше битолската пресметка, која овој пат заврши со победа на Еурофарм Работник. На преостанатите две средби, Радовиш славеше во Велес против екипата на Борец, а Охрид беше подобар од екипата на Прилеп во Прилеп.

.

Резултати:

18.00 ч.:  Тинекс Пролет – Металург 2  27:26 (9:13)

18.30 ч.:  Пелистер – Еурофарм Работник   22:25 (12:12)

18.30 ч.:  Прилеп – Охрид   21:29 (10:14)

19.30 ч.:  Борец – Радовиш   33:36 (15:17)

Слободна беше екипата на Вардар Јуниор

.

Табела:

П Екипа Н П Р И Б
1 Пелистер 15 13 0 2 39
2 Еурофарм Работник 15 12 1 2 37
3 Охрид 2013 15 10 1 4 31
4 Пролет 62 16 10 1 5 31
5 Радовиш 14 6 2 6 20
6 Прилеп 2010 14 4 1 9 13
7 ГРК Борец 14 3 1 10 10
8 Металург 2 15 2 1 12 7
9 Вардар Јуниор 14 2 0 12 6

.

Инаку, познати се четирите екипи, кои, заедно со Металург и со Вардар, ќе настапат во плејофот и ќе разигруваат за шампионската титула. Тоа се: Пелистер, Еурофарм Работник, Тинекс Пролет и Охрид.

Преостанатите, а тоа се Металург 2, Вардар Јуниор, Борец, Радовиш и Прилеп, ќе се борат за опстанок во лигата од која оваа сезона нема да има директно испаѓање, туку последната екипа од плејаутот ќе се бори за опстанок во лигата во бараж меч со второпласираниот тим од Првата лига.

Прочитано 328 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 3 = 5