Топ Вести

Комплетни резултати од првиот ден на ЕП во Хрватска

12.01.2018 22:17
Viachaslau Bokhan and Wilhelm Jelinek during the EHF EURO Croatia 2018 - Preliminary round -  Group B - Belarus vs Austria in Zatika Sports Centre, Porec, Croatia, 12.1.2018, Mandatory Credit © HRS / Anze Malovrh

Денеска и официјално почна ЕП во Хрватска. Одиграни се четири средби, со кои е комплетирано првото коло во групите “А“ и “Б“ и на кои се постигнати воглавно очекувани резултати.

Големата балканска пресметка убедливо ја доби селекцијата на Хрватска, која ја декласираше Србија. Но, својата победа Хрватите ја платија прескапо, бидејќи го загубија Домагој Дувњак, кој скина мускул и кој најверојатно ќе паузира до крајот на првенството. Прва победа извојува и Франција, но до бодовите дојде во самиот финиш и тоа по голема борба и во драматична завршница. Белорусија ја победи Австрија, а во скандинавското дерби Исланд беше подобар од Шведска.

.

Резултати:

Група “А“:

18.15 часот:  Шведска – Исланд  24:26 (14:12)

20.30 часот: Хрватска – Србија  32:22 (14:9)

Група “Б“:

18.15 часот: Белорусија – Австрија  27:26 (14:12)

20.30 часот: Франција – Норвешка  32:31 (15:17)

.

Утре ќе се одиграат и четирите средби во групите “Ц“ и “Д“.

Група “Ц“:

13.01.2018 г., 17.15 часот: Германија – Црна Гора

13.01.2018 г., 19.30 часот: Македонија – Словенија

Група “Д“:

13.01.2018 г., 18.15 часот: Шпанија – Чешка

13.01.2018 г., 20.30 часот: Данска – Унгарија

Прочитано 170 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


1 + = 9