Топ Вести

КОНЕЧНО ПОКАЖАВМЕ ДЕЛ ОД СВОИТЕ МОЖНОСТИ

16.01.2013 17:46
333

Македонската репрезентација го одигра својот најдобар натпревар на СП 2013 во Шпанија и покажа дека сепак има квалитет да се натпреварува со најквалитетните европски селекции.

Иако некои од слабостите имаа место и на оваа средба, иако руската селекција во најголем дел од средбата ја имаше контролата врз резултатот, сепак нашата репрезентација покажа завиден морал и постојано се враќаше во игра. Во последната фаза од натпреварот направивме огромен притисок врз противникот, а на крајот и Русите беа задоволни со нерешениот резултат. Во овој дел од средбата блесна Митревски со своите шест одбрани, а откако тој го спречи последниот руски напад, Георгиевски го израмни резултатот. Русите имаа 17 секунди за својот напад, ама се решија само да ја зачуваат топката.

Најдобри во нашиот состав беа К. Лазаров (10), Стоилов (5) и Манасков (4).

Навистина е штета што нашата вистинска игра ја прикажавме дури во четвртиот натпревар, можеби предоцна за подобар пласман во групата. Во последното коло Русија и Исланд имаат лесни средби против Чиле и Катар, а ние ќе се обидеме да направиме сензација во мечот со најдобрата селекција во нашата група, Данска.

Team_9425Македонија – Русија  29:29 (13:16)Team_7852

Македонија: Ристовски (5 одбрани), Митревски (6 одбрани), Манасков 4, Георгиевски 2, Темелков 1, Стоилов 5, К.Лазаров 10, Ф.Лазаров 2, В.Маркоски 1, Н.Маркоски, Димовски, Миркуловски 1, Мојсовски 2, Ангеловски 1, Јоновски и Левов.      Седмерци: 3/4 (сите К.Лазаров).         Исклучувања: 6 минути.

Прочитано 436 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 3 = 2