Топ Вести

КРСТО ПЕТРУШЕВСКИ

19.01.2012 16:55
DSC02991_resize

Крсто Петрушевски е една од двете наши најголеми легенди и е најстариот, денес се уште активен, член на Металург. Крле влезе во Металург во далечната 1972 година како младинец и веднаш беше кооптиран во сениорскиот тим. Од тогаш, па се до крајот на својата играчка кариера, Петрушевски, кој тогаш го носеше презимето Митевски, е стандарден бек на Металург. Ги помина годините во борба, по арените во Македонска, Регионална и Втора сојузна лига. По завршувањето на кариерата, како активен играч, остана во Металург. Заедно со Чокрев, Никола Богдановски, а покасно и Китевски и Ристевски, Крле ги помина тешките години на беспарица во клубот, борејки се со сите проблеми и носен со единствена желба – опстанокот на Металург. Крле, во повеќе наврати беше тренер на Металург, а денес ја тренира екипата на ЖРК Металург. Петрушевски е член на Управниот Одбор на РК Металург, најтесното клупско раководство.

Прочитано 373 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 + = 10