Топ Вести

КУП НА МАКЕДОНИЈА: РК МЕТАЛУРГ ГО СОВЛАДА ТИМОТ НА ТИНЕКС ПРОЛЕТ

09.04.2011 16:16
1.Team logo 2_resize

РК Металург ја совлада главната пречка во 1/8 финалната група, тимот на РК Тинекс Пролет, и ќе игра во финалниот натпревар од оваа група, против победникот од дуелот помеѓу РК Зомимак М и РК Младост 09.

Денес видовме добар натпревар во кој, осоколениот, Тинекс Пролет се обиде да направи и второ изненадување, по победата над Вардар ПРО. Тренерот Темелковски навистина создаде респектабилен тим, многу подобар од оној со кој се сретнавме во текот на ова првенство.Сепак, и овој Тинекс Пролет, е се уште далеку од квалитетот потребен за да се совлада Металург. Натпреварот се реши на самиот старт, кога Металург поведе со неколку гола предност. Во остатокот од времето, нашиот шампион постепено ја зголемуваше својата предност се до 26:14, што е и крајниот резултат од оваа средба. Посебно задоволи играта на Ракчевиќ и Левов, кои постигнаа по 7 гола, како и на Ангелов, кој со своите одбрани ги разочара ракометарите и навивачите на Тинекс Пролет. Од овој натпревар беа задоволни сите, почнувајки од генералниот спонзор на Металург, г-нот Минчо Јорданов, па преку публиката, се до играчите – актери на овој меч. Тренерот на Пролет, И.Темелковски, коректно го призна поразот и им посака, на нашите ракометари, успех во понатамошната фаза.

РК Тинекс Пролет – РК Металург 14:26  (8:14)

РК Тинекс Пролет: Грчевски, Ѓорѓиевски, Димовски, Младеновски 1, Илиевски 1, Ангеловски 1, Петковски, Серафимовски, Мисовски, Постоловски 3, Петрушевски 2, Матлиевски, Николиќ 3, Стефанов 1, Вешовски и Печенковски 2.    Седмерци: 1/3.   Исклучувања: 6 минути.

РК Металург: Ангелов, Митревски, Кимевски, Ракчевиќ 7, Левов 7, Димовски 1, Георгиевски 1, Манасков 3, Миркуловски 1, Маркоски, З.Мојсоски 1, Н.Мојсовски, Стоилов, Стојчевски 4, Јоновски и Алушевски 1.       Седмерци: 3/6.     Исклучувања: 6 минути.

Судии: Начевски Ѓорги и Николов Славе од Скопје.

Делегат: Неделко Неделковски од Скопје.

Прочитано 323 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − 6 =