“КУПИ КАРТИ ЗА СЕ“ Е НАШИОТ НОВ ДИСТРИБУТЕР НА ВЛЕЗНИЦИТЕ ЗА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ.

13.02.2013 13:56
DAR_4190_resize_resize

Почитувани,

Ракометниот клуб Металург ве информира дека го промени партнерот за продажба на билети за натпреварите од Лигата на шампионите во ракомет и денеска (13.2.2013 година) склучи договор за соработка со продажната мрежа на „Купи карти за сѐ“.

Новина во поглед на претходниот дистрибутер е можноста за онлајн-продажба на билети преку интернет-страницата WWW.KUPIKARTIZASE.COM, а директен линк ќе биде поставен и на нашата редизајнирана веб-страница WWW.RKMETALURG.MK. Исто така системот „ Купи карти за сѐ“ ја нуди и веќе постојната можност секој купувач на билет да има можност за избор на позиција, односно место за седење.

Билетите за натпреварите на Металург во Лигата на шампионите ќе можете да ги набавите на следните локации во Скопје: „Купи карти“ во „Скопје сити мол“, „Супер Тобако“ во ТЦ „Лептокарија“, „Мобиклик“ во ТЦ „Капиштец“, цвеќарницата „Розе-Веро 2“ во Скопје, билетарницата во СЦ „Борис Трајковски“, салонот на „Никофон“ во ТЦ „Бисер“ во населбата Аеродром, како и продажните места низ Македонија во Прилеп, Битола, Куманово, Штип, Охрид, Струга, Кичево и Тетово. За конкретните локации во определени градови каде што можат да се купат билети низ Македонија ќе може да се информирате на веб-страницата на Металург.

Билетите за натпреварот од 10-то коло од ЛШ, кој Металург го игра на домашен терен на 24.2.2013 година (недела) со претставникот на Данска, Силкеборг Бјерингбро, ќе бидат пуштени во продажба на 16.2.2013 година (сабота), во 12 часот.

Цените на билетите остануваат исти како и на претходните натпревари од групната фаза, и тоа:

 – 100 денари за блоковите Б7, Б8 и Б9.

 – 150 денари за блоковите Б2, Б3, Б4, Б5, Б6, Б10, Б11, Б12, Б14 и Б15.

 – 150 денари за блоковите М7, М8, М9 и М16.

 – 200 денари за блоковите М4 и М15 (блоковите М1, М2, М3, М12, М13 и М14 се сезонски билети).

Ви благодариме на соработката,

Ракометен клуб Металург

Скопје, 13.2.2013 година

 

Фотогалерија:

Прочитано 2.612 пати

(3) Коментари

  1. Vo tekstot napisavte deka imate prodazno mesto i vo Kumanovo. Bi ve zamolil da pojasnite , kade e lokacija na toa prodazno mesto vo Kumanovo. Pozdrav !!!

    • За жал, Куманово не е застапено во пописот на продажните места.

  2. kade mozam da kupam sezoska karta

Напишете коментар


4 + = 9