Топ Вести

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, СЕЗОНА 2011/12

24.05.2011 03:18
640px-EHF_Champions_League.svg

Во Келн, во понеделник, се одредени стартните позиции на клубовите во новата ЕХФ сезона, во Лигата на Шампиони, за мажи. Металург, како шампион на Македонија, е рангиран на 23-тото место, и ќе мора да помине квалификации, за да учествува во групната фаза.

Квалификантите се поделени на групи, според рејтингот:

Во првиот шешир се: Металург, и шампионите на Полска, Шведска и Словачка.

Во вториот шешир се: шампионите на Грција, Исланд, Белорусија и Норвешка.

Во третиот шешир се: шампионите на Украина, Австрија, Србија и Португалија.

Во четвртиот шешир се: шампионите на Турција, Црна Гора, Италија и Израел.

Квалификационите турнири ќе се играат на 03-04 септември 2011 година. Со ждреб ќе се одредат организаторите на квалификационите турнири. Оваа година се промени системот на играње во квалификационите групи. Наместо секој со секого, овој пат со здреб ќе се одредат полуфинални двојки (играат на 3 септември), а победниците, во меѓусебен дуел, ќе го одредат учесникот во Л.Ш. Финалните натпревари се играат на 4 септември.

Победниците од 4-те квалификациони групи ќе се натпреваруваат во 6-тата група на Л.Ш.

Прочитано 460 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − 4 =