Топ Вести

Лино Червар: Ако добро одиграме против Нексе, тоа секако ќе донесе резултат

07.09.2017 13:55
07092017220321_web_pres_za_nexe_-_janevska-ilieva_01_resize

Металург денеска одржа прес-конференција по повод претстојната средба со екипата на Нексе, која ќе се одигра в недела, со почеток во 17.45 часот.

Своите коментари по повод средбата ги дадоа тренерот Лино Червар и ракометарот Анте Токиќ.

 

Лино Червар: “По средбата со Вардар од првото коло, вчера одигравме и натпревар во Панчево, против екипата на Динамо. На оваа средба прикажавме навистина добар ракомет. Бевме атрактивни, бевме динамични и навистина го претставивме својот клуб во најдобро светло. Имавме квалитетен пристап кон играта, игравме добро и во одбраната и во нападот, па затоа и коментарите по средбата се позитивни.

СЕХА-лигата ни помага многу да го кренеме квалитетот на младите ракометари, тие да добијат шанса и минутажа и побрзо да напреднат. Сепак, нашата екипа промени 9 ракометари во однос на минатата сезона и затоа мораме да имаме трпение. Во овој момент ние не сме фаворити против ниедна екипа во лигата, а важна и квалитетна разлика во тимот ќе видеме дури на пролет.

Со екипата на Нексе секогаш е тешко, без разлика дали играме во Скопје или во Нашице. Тоа е екипа која има своја хемија во миксот од стари и млади ракометари. Се работи за брза екипа која игра динамичен ракомет, со агресивна 6-0 одбрана. Ние мораме да покажеме борбеност, да бидеме сконцентрирани, со што помалку технички грешки, а, ако одиграме добро, тоа ќе донесе и добар резултат“.

Анте Токиќ: “Мислам дека во Панчево одигравме навистина добро, а најдобрата работа беше нашиот пристап, кој го поправивме по натпреварот со Вардар, и вчера не му дозволивме на противникот да се разигра. Средба со Динамо треба да ни биде водич, како треба да бидеме мотивирани и каков пристап треба да имаме на натпреварите. Не смееме да си дозволиме опуштање пред натпреварот со Нексе. Тоа е екипа која исто така промени доста ракометари и сега се спој од млади ракометари и неколку искусни играчи. Против Нексе очекувам позитивен резултат и ја повикувам публиката да дојде и да не поддржи“.

Прочитано 24 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 5 = 0