Топ Вести

Лино Червар: Ако играме добро, и најтешката група е лесна

01.07.2017 21:20
GIL_7929_resize

Металург, по вчерашното извлекување во Љубљана, се најде во групата “Д“ од групната фаза во Лигата на шампионите, заедно со екипите на Монпелје, Мотор Запорожје, Бешикташ, Чеховски Медведи и со победникот од квалификацискиот турнир на кој за последното слободно место ќе се борат екипите на Спортинг Лисабон, Татран Прешов, Кокс и Алпла Хард.

Шефот на стручниот штаб на Металург Лино Червар во свој стил ја прокоментира нашата група “Д“:

Задоволен сум од вчерашната ждрепка, иако можеше да биде и подобра. Во суштина, се зависи од нас, од нашата подготвеност и од нашата сериозност. Ако сме ние добри, ако сме подготвени и играме добро, тогаш и најтешката група е лесна. И обратно, ако ние не чинеме тогаш и најлесната група е тешка. Во групата има неколку многу квалитетни противници и тука првенствено би ги навел екипите на Монпелје и на Мотор Запорожје, но секако не се за потценување и останатите. На почетокот на август ќе ги почнеме подготовките во Скопје и во Маврово, а потоа ќе учествуваме на турнирот во Струга. Потоа стартува СЕХА-лигата и тогаш ќе биде многу појасно во каква кондиција ќе бидеме и како ќе го дочекаме почетокот на групната фаза во Лигата на шампионите“, рече Лино Червар.

Прочитано 6.063 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + = 16