Топ Вести

Лино Червар: Бевме подобри и ја заслуживме победата

10.09.2017 22:04
_DSC0240_resize

На редовната прес-конференција по средбата со Нексе, Лино Червар го изрази своето задоволство од играта и од постигнатиот резултат.

Лино Червар: “Одигравме еден фер натпревар во кој бевме подобри и ја заслуживме победата. Честитки до играчите, ова е веќе втора средба по ред како играме добро и постигнуваме добри резултати. Секако, веројатно можевме и подобро, но јас сум задоволен. Посебно сметам дека можевме подобро да играме во одбраната, иако добро игравме во зоните. Кога ќе се сумира се – добро е и сега размислуваме за наредните натпревари во Лигата на шампионите и СЕХА-лигата“.

Филип Кузмановски: “На денешниот натпревар покажавме дека со добра одбрана се добива меч. По лошиот натпревар со Вардар го намаливме бројот на техничките грешки во нападот. Во Панчево покажавме дека можеме да победуваме, а истото го направивме и денеска со Нексе. СЕХА-натпреварите ни се тест да фатиме добар ритам за Лигата на шампионите. Сега не очекува средбата со Монпелје“.

Фото:

Прочитано 125 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 9 = 0