Топ Вести

Лино Червар: Бевме подобри отколку на средбата со Вардар и заслужено славевме победа

07.09.2017 09:15
3044_1504734304_resize

По вчерашниот натпревар со Динамо Панчево, се одржа редовна прес-конференција на која Лино Червар изрази задоволство од играта на својот тим и од постигнатиот резултат.

 .

Лино Червар: “Ми се допаѓа фактот дека Динамо е дел од СЕХА-лигата. Ова е моја втора посета во Панчево, каде претходно бев со екипата на Умаг. Се сеќавам дека тогаш загубивме со само еден гол разлика, а јас бев толку лут што ја скршив вратичката на шкафчето во соблекувалната. Динамо отсекогаш беше центар на српскиот ракомет и одлична е веста дека клубот повторно расте. Што се однесува на денешната средба, ние бевме многу подобри отколку на средбата со Вардар и го диктиравме темпото од самиот почеток. Прикажавме квалитетен ракомет и дојдовме до заслужена победа“.

Вања Илиќ: “Успеавме да ја докажее нашата вредност на овој “жешки“ паркет во Панчево. Тоа ме прави среќен, особено кога ќе видам дека сме најдобри кога е тоа потребно“.

Прочитано 11 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + 7 =