Топ Вести

Лино Червар: И против Ла Риоха одбраната ќе биде главното оружје

03.12.2016 20:28
AND_0170_resize

Ракометарите на Металург денеска (17.30 ч., пренос на МТВ) против шпанскиот вицепрвак Ла Риоха ќе го играат најзначајниот меч сезонава во Лигата на шампионите (ЛШ). Пред младиот и значително ослабен (шест повредени играчи) тим на Лино Червар е нова историска шанса за успех, затоа што победа во утрешниот меч (и оној во февруари во 10-то коло, дома со Чеховски медведи), му носи пласман во баражот за осминафинале од ЛШ.

И во овој меч, одбраната ќе биде нашето главно оружје во борбата со шпанскиот вицепрвак. Ќе мора да обрнеме посебно внимание на левиот бек Ханиел Лангаро, проигрувањата на линијата од шест метри кон Рубен Гарабаја и да ги спречиме нивната транзиција и контра, бидејќи имаат опасни крила, кои знаат да ја казнат секоја грешка. Домашниот терен ќе им биде од голема предност, но за нас е најважно да се држиме до договорениот план и тактика, да влеземе максимално концентрирани и борбени и да одиграме како против Татран, со мотив и со желба“, изјави Лино Червар, тренерот на Металург.

Денешниот меч ќе биде реванш на дуелот од 4-то коло од ЛШ, кој Металург на свој терен го доби со 24-23 (11-9). Металурзите во поголем дел од тој меч ја имаа контролата врз резултатот и врз играта, но падот на концентрацијата и грешките во нападот во завршницата од мечот ги искористија шпанските ракометари да стигнат на еден гол разлика, имаа и напад за изедначување, но одличниот голман на Металург Дарко Арсиќ (тогаш 16 одбрани) не дозволи реми и радост на Шпанците.

На Ла Риоха ова ѝ е четврта сезона во ЛШ, а на Металург осма, шеста во низа. Во претходните три сезони Ла Риоха двапати играше во групна фаза (сезони 2013/2014 и 2015/2016) и еднаш стигнала до осминафиналето (2014/2015). Металург зад себе има две четвртфиналиња (2012/2013 и 2013/2014) и уште едно осминафинале (2011/2012).

Прочитано 3.537 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 1 = 6