Топ Вести

Лино Червар: Изгоревме во желбата за победа

24.09.2017 20:35
_DSC0005_resize

Не беше задоволен Лино Червар од играта и од исходот од средбата со Бешикташ. Своето незадоволство тој го искажа на прес-конференцијата по средбата.

Лино Червар: “Најпрво сакам да му честитам на Бешикташ на заслужената победа. Мислам дека денеска пресуди нивното поголемо искуството. Во првото полувреме нашиот голман немаше ниту една одбрана, а пак нивниот беше најдобар поединец на теренот. Ние премногу се истрошивме за да стигнеме до нерешено, а во вториот дел ни недостигаше искуство и концентрација. Немавме „памет“ во финишот, лесно примавме голови, се мачевме во нападот. Кога се кршеше резултатот не знаевме да го искористиме тоа, додека, пак, противникот знаеше тоа да го казни. Никој не сака да губи, ние не сме исклучок, но треба да продолжиме да работиме и да бидеме трпеливи бидејќи тоа е нашата иднина“.

Халил Јагањац: “Одигравме добро само во одредени периоди, особено во финишот од првото полувреме, но потоа „издишавме“ и немавме сили да го задржиме темпото во вториот дел. Ја загубивме агресивноста во одбраната, па Бешикташ заслужено победи. Нам ни останува да продолжиме да работиме и како млада екипа да се развиваме во периодот што следи“.

Мевлут Арин (тренер на Бешикташ): “Игравме против еден млад и динамичен тим. Играа брз ракомет. Нашиот најголем проблем беа грешките направени во одбраната. Но, потоа почнавме да играме дисциплинирано, игравме добро, а постигнавме и неколку голови од контранапад. Тука беше и нашиот голман, кој добро се покажа. Во еден момент и го демотивиравме противникот. Ова беше добар натпревар, па честитки и за Металург“.

Немања Прибак: “Ова беше натпревар меѓу двајца противници кои играат на исто ниво. Ние сме малку поискусни, но Металург е екипа што трча повеќе. Добро го отворивме мечот, имавме расположен голман и ги казнивме грешките на Металург. Можеби средбата не беше со интересен крај, но среќен сум и благодарен на публиката. На Металург му посакувам среќа, мислам дека има добра иднина“.

Фото:

Прочитано 282 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 7 = 15