Топ Вести

Лино Червар: Не сум задоволен, но сигурен сум дека ќе играме сѐ подобро

18.09.2017 17:26
GIL_6006_resize_resize

Не сум задоволен како го одигравме мечот во Монпелје. Одбраната не беше ниту доволно цврста ниту доволно агресивна, за да може да ги запре искусните француски репрезентативци, кои многу лесно доаѓаа до позиција за гол“, забележа Лино Червар еден ден по поразот на Металург на гостувањето кај Монпелје.

Нашите ракометари успешно парираа само во почетните 15 минути од мечот, а потоа следуваше серија од технички грешки и казна од спротивната страна со брзи и лесни голови, кои беше тешко да се достигнат и надоместат (серија 7-1 за Монпелје).

Имавме и добри моменти во мечот, но нашиот млад тим немаше доволно концентрација и искуство да го задржи тоа ниво на игра. Нивната искусна и цврста одбрана во целост го затвори нашиот напад, отсечени беа крилата, немавме ниту една контра наспроти нивните десетина. Во целата негатива, добро е тоа што на овој меч младиот Халил Јагањац помогна со неговата игра и со шесте гола ишто продолжи одлично да ни функционира играта преку пикер. Верувам во овој млад тим и сигурен сум дека од натпревар во натпревар ќе имаме сѐ подобри партии“, рече Червар.

Прочитано 271 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − 6 =