Топ Вести

Лино Червар: Немавме решение за играта на Монпелје

17.09.2017 09:42
_DSC0422_resize_resize

По вчерашниот натпревар на Металург со Монпелје, се одржа редовна прес-конференција на која своите коментари ги дадоа двајцата тренери.

Лино Червар: “И честитам на екипата на Монпелје за денешната победа. Како што покажува резултатот од средбата, Монпелје беше подобриот тим на теренот. Имаме млада екипа, која денеска не успеа да најде решение за одбраната на Монпелје. Сметам дека мојот тим има иднина и се надевам дека ќе одиграме многу подобро на идниот натпревар против екипата на Бешикташ“.

Мартин Велковски: “Беа подобри од нас. Ние имавме проблеми со брзата игра на Монпелје во првото полувреме. Во вториот дел ја поправивме играта во одбраната, но во секој случај е тешко да се игра против одличниот состав на Монпелје“.

Патрис Канаје: “Задоволен сум од резултатот.Имавме солидна реализација во мечот против младите ракометари на Металург, кои навистина имаат квалитет. Игравме во добар ритам, бевме одлични во одбраната и брзи во нападот. Интересен натпревар. Сега мораме да победуваме во серија“.

Диего Симонет: “Како екипа, одигравме одличен натпревар. Цела седмица се подготвувавме за оваа средба и направивме се што беше потребно за да ја наметнеме нашата игра и што побрзо да го добиеме овој натпревар“.

Прочитано 579 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 + 7 =