Топ Вести

Лино Червар: Оваа победа е важна за нашата самодоверба

30.09.2017 21:31
_DSC0010_resize_resize

Задоволен беше тренерот на Металург по средбата со Спортинг Лисабон. Своите коментари тој ги изложи на редовната прес-конференција по средбата.

Лино Червар: “Честитки за моите играчи, кои со силна игра го приведоа мечот од крајот. Денес во нашиот состав беа осум јуниори и двајца кадети, тоа го нема во ниту една екипа во Лигата на шампионите. Минатиот пат кажав дека загубивме поради неискуството, но сега покажавме многу подобра игра. Кажав дека треба да имаме трпение. Во првиот дел бевме добри, додека во вториот дел губевме топки, но важно е што победивме. Навистина е важно да се работи, дури и ако сум јас отсустен. Одигравме многу паметно, посебно во првото полувреме. Апсолутно ја заслуживме победата која е важна за нашата самодоверба.

Имаме иднина, мислам дека постојано ѝ покажуваме на Македонија дека Металург работи за иднината на македонскиот ракомет. Јас би сакал да победуваме на секој натпревар, но тоа не е возможно. Ќе има уште многу победи, но и многу порази. Оние кои ме разбираат што сакам и што правам, што ја следат мојата работа во Скопје, знаат дека јас работам за доброто на македонскиот ракомет. Сакам на сите да им дадеме сила да работат, да им дадеме подобри услови. Не сакам да се жалам, но живееме во многу тешки услови. Имаме само по еден дрес, ако се искине, може да немаме да играме. Е, таква е ситуацијата. Горд сум што работам во таков клуб. Ќе си одам од Металург само ако ме избркаат. Во клубот можам да бидам и тренер, но и советник.

Во врска со мојот ангажман во хрватската репрезентација, сите знаеја дека ќе дојде до такво нешто кога ја презедов репрезентацијата. Уморен сум да кажувам дека е тешко, но морам да и помогнам на мојата татковина, каде што израснав како тренер. Затоа што својата кариера ја направив таму. Да не се одржуваше првенството во Хрватска можеби немаше да прифатам. Но, на моите луѓе не можев да им кажам не. Пратам се што се случува во клубот, имаме неколку тренери, гледам дека се работи. Во таква ситуација сум, каква што мора да биде. Немам 20 години и многу ми е тешко. Сакам да сум и тука, и таму. Но, не можам. Правам се што можам. Благодарен сум за се што ми даде Македонија“.

Вања Илиќ: “Имавме многу проблеми во минатите недели. Во последните неколку дена бевме и без тренерот, кој беше отсутен. Загубивме неколку средби, па моравме да се вадиме против екипа каква што е Спортинг, а тоа е квалитетен ривал. Мораме да ја сфаќаме максимално сериозно секоја средба, а со таков пристап можеме да им парираме на сите. Имаше промашени зицери, но тоа им се случува и на најдобрите. Тоа е нормално во спортот, така да треба да се продолжи напред“.

Фото:

Прочитано 283 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + = 13