Топ Вести

Лино Червар: Вардар беше подобриот тим

02.09.2017 22:33
_DSC0258_resize_resize

По натпреварот со Вардар се одржа редовната прес-конференција, на која Металург беше застапен од Лино Червар и од Жарко Пешевски.

Лино Червар: “Честитки до Вардар, кој денеска беше подобиот тим. Ние во одреден момент и се држевме, но квалитетот исплива на површина во клучните моменти. Останавме без надворешни шутери и сега се обидуваме со младината. Денеска имавме играчи кои играа повредени и беа лимитирани на оваа средба. Сепак, има и позитивни моменти од овој натпревар. Сега треба само да се фокусираме да ги исправиме оние грешки кои беа фатални за нас. Се на се, честитки за Вардар, не се сомневам дека ќе има успеси клубот во ЛШ и во СЕХА. Сега не очекува меч во Панчево, каде треба да играме многу подобро. Сепак, не треба да вршиме притисок врз играчите“.

Жарко Пешевски: “Одигравме еден лош натпревар со многу технички грешки, но се надевам дека во Панчево ќе прикажеме подобро издание. Имаме млада екипа, ќе ни треба малку повеќе време да се воиграме. Се надеваме на добри натпревари и барам трпение, апелирам на поддршка од навивачите на сите натпревари“.

Фото:

Прочитано 5 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 2 = 2