Топ Вести

Лино Червар: Војводина заслужено победи

20.09.2017 20:48
3077_1505935034_resize

По напреварот меѓу Војводина и Металург се одржа редовната прес-конференција на која своите видувања ги искажаа двајцата тренери.

Лино Червар: “Победата на Војводина е навистина заслужена. Тие денеска беа поотпорни и помотивирани и повеќе ја посакуваа победата. Ние исто така имавме свои шанси, но ги испуштивме и тоа е се. Сепак, ова може да биде и добро, бидејќи в недела не очекува исклучително важен натпревар во Лигата на шампионите“.

Анте Токиќ: “Честитки за ракометарите на Војводина, тие се бореа во текот на целиот натпревар. Ние направивме многу грешки во одбраната, а испуштивме и многу изгледни ситуации во кои моравме да погодиме. Сега, своето внимание мораме да го насочиме на неделната средба во Лигата на шампионите“.

Драган Кукиќ: “Им благодарам на моите ракометари, бидејќи тие веруваа во успех. Во овие два изминати дена успеавме да се зближиме. Големо задоволство е да се победи тим каков што е Металург, предводен од тренерот Лино Червар“.

Ненад Вучковиќ: “Обично, по промената на тренерот, доаѓаат добри резултати и тоа денеска и се случи. Мило ми е што победивме со својата квалитетна одбрана. Ова е вистинска индикација дека во иднина можеме да бидеме многу подобри во СЕХА-лигата“.

Прочитано 514 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 − = 2