Топ Вести

Лино Червар: За успех против Динамо Панчево ќе треба да ги намалиме техничките грешки

06.09.2017 13:26
GIL_7929_resize_resize

Денеска, со почеток во 20.45 часот, Металург ќе го одигра својот втор натпревар во новата сезона во СЕХА-лигата. Нашиот тим вечерва и гостува на екипата на Динамо во Панчево, а тренерот Лино Червар успехот го врзува со намалувањето на техничките грешки, со кои изобилуваше претходната средба со Вардар.

Лино Червар: “На средбата со Вардар направивме голем број на технички грешки, па, доколку сакаме успех во Панчево, ќе мора истите да ги сведеме на минимум. Сепак, во поразот против Вардар јас гледам и добри работи. Го имаме најмладиот тим во лигата и секој меч за нас е можност да се добие искуство. Динамо ја победи Војводина на првиот натпревар и знаеме дека се работи за одличен тим, но нашата цел останува иста – да одиграме најдобро што можеме и да се надеваме на поволен резултат од ова гостување“.

Филип Кузмановски: “СЕХА-лигата за нас е многу важна, бидејќи сме млада екипа, која постојано сака да напредува и да добива на искуство од мечевите против квалитетни противници. Вечерва сакаме да докажеме дека против Вардар имавме само лош ден. Имаме многу млади играчи и, за да целата работа профункционира добро, мора да помине извесно време. Се надевам дека против Динамо ќе го докажеме нашиот квалитет, со непрекината борба од првата до последната минута“.

Средбата, како што кажавме, почнува во 20.45 часот, а преносот од овој натпревар можете да го проследите на МРТ.

Прочитано 0 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 5 = 7