Топ Вести

Лино Червар: Задоволен сум од формата и од играта на екипата

22.03.2017 21:52
22032017104356_main_metalurg_3

Металург веќе неколку ден тренира во Автокоманда, во пресрет на плеј-офот во прванството на Македонија. За десетина дена ќе почне завршницата на првенството, која Металург ја очекува подготвен.

Имавме многу квалитетни подготовки во Пореч, каде што ракометарите максимално се вложија. Работевме на обновување и подобрување на физичката подготвеност, на напаѓачките и одбранбените формации, како и на техничко-тактичката уиграност. Во сличен ритам ќе продолжиме и во следните неколку дена, односно до извлекувањето на натпреварувачките двојки за плејоф-завршницата, а потоа, во зависност од распоредот, можно е да закажеме и контролни натпревари“, вели тренерот на Металург, Лино Червар.

Задоволен сум од формата и од играта на екипата, која од ден на ден е сѐ покомпактна и поуиграна. До почетокот на плејоф-завршницата има уште десетина дена, сосема доволно време да се санираат ситните повреди на Александар Гуглета и Вања Илиќ, додека, пак, со тренажен процес кон тимот се приклучи Мартин Марчец. Се надевам дека до почетокот на сезоната ќе бидеме комплетни и целосно подготвени за предизвиците што нѐ очекуваат“, додаде Червар.

Прочитано 4.523 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 + 2 =