Топ Вести

Лошата игра на Металург казнета со висок пораз

25.11.2017 20:48
MJI_6799_resize

Металург не ги оправда очекувањата на своите верни навивачи и доживеа висок пораз на последниот домашен натпревар во Лигата на шампионите.

Нашите ракометари го одиграа својот најлош натпревар во тековната сезона и не беа достоен противник на гостинскиот тим, кој без многу напор дојде до два нови бода со кои ги потврди освоеното второ место во групата “Д“ и пласманот во квалификациите за следната фаза.

Одигравме навистина лош натпревар во кој несигурноста во одбраната ја поврзавме со безидејноста во нападот, а сето тоа го надополнивме со рекорден број на технички грешки. Згора на се, не реализиравме десетина зицери и дури четири седмерци. Со сето тоа на куп, беше невозможно да се избегне висок пораз.

Дека ќе се случи нешто што не го посакуваме, се виде уште во почетната фаза, кога Мотор многу лесно дојде до предност од 4 гола, 1:5. Иако Металург се обиде да се врати во игра, оваа предност се задржа до крајот на првото полувреме.

На почетокот од вториот дел Металург ја згусна одбраната, а конечно дојде и времето на Дарко Арсиќ, кој во низа одбрани неколку удари кон својот гол. Но, поцврстата одбрана пред нашиот гол не беше проследена и со подобра игра во нападот. Нашите ракометари продолжија со лошата реализација и му дадоа време на противникот да се консолидира и да се врати во ритамот од првото полувреме. На крајот, ја загубивме средбата со превисока негатива од осум гола, 22:30.

.

Металург – Мотор Запорожје  22:30 (11:16)

Металург: Арсиќ (10 одбрани), Томовски (2 одбрани), Даниловски, Анџелиќ 2, Арсеновски, Димитриевски 5, Гуглета 3, Илиќ 1, Јагањац 4, Кузмановски 2, Палевски, Пешевски 3, Петров 2, Серафимов, Токиќ и Велковски.  Седмерци: 3/7.   Исклучувања: 4 минути.

Мотор Запорожје: Киреев, Комок, Терехов, Бабичев 3, Буиненко 2, Денисов 2, Дорошчук 1, Козакевич 5, Маласинскас 3, Пачковски 2, Пукховски 2, Шелменко 3, Шевелев 1, Шинкел 4, Тцелишев и Жук 2.   Седмерци: 4/6.   Исклучувања. 10 минути.

Судии: Јири Опава и Павел Валек од Чешка.

Делегат: Ајберк Дилмен од Турција.

Прочитано 290 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 3 = 2