Топ Вести

Лошиот период во првото полувреме ја реши средбата со Монпелје

16.09.2017 20:25
21552030_10156747872608986_3426710080907672873_o_resize

Металург денеска го одигра својот прв натпревар во новата сезона во Лигата на шампионите. Монпелје, нашиот прв противник во групната фаза и најголем кандидат за првото место во групата “Б“, денеска беше пресилен за младиот тим на Лино Червар и не совлада со убедливи 32:22 (19:11).

Металург добро го почна натпреварот и во првата половина од првото полувреме успеваше рамноправно да се носи со својот противник. Трипати водевме, Монпелје трипати израмнуваше, па се чинеше дека успеавме да го наметнеме нашиот стил на игра. Но, во втората половина од првиот дел играта на Металург неочекувано се распадна. Во краток период направивме голем број на технички грешки, вкупно 15 на натпреварот, попушти нашата одбрана, нападот успеа да реализира само еден погодок за цели 11 минути и Монпелје стекна огромна предност, која не можевме да ја достигнеме до крајот на средбата. Првиот дел го загубивме со разлика од осум гола, 11:19.

Во второто полувреме Металург беше целосно рамноправен и до пред самиот крај имаше и минимална предност, сметано само на второто полувреме. Во два наврати разликата ја намаливме на само 6 гола, но тоа беше се што можевме да сториме на овој натпревар. Последните минути и припаднаа на екипата на Монпелје, која постигна неколку гола во низа и ја заврши средбата со предност од десет гола.

Позитивно на оваа средба беше играњето на Халил Јагањац, кој, по скромниот допринос во натпреварите од СЕХА-лигата, денеска експлодираше и постигна дури 6 гола.

Следната средба во Лигата на шампионите ја играме во Скопје, на 24 септември, анаш противник ќе биде шампионот на Турција Бешикташ.

Монпелје – Металург  32:22 (19:11)

Монпелје: Жерар, Портнер, Гигу 6, Ричардсон 4, Суси 4, Афгур 3, Бинго 3, Фабрегас 2, Порт 2, Симонет 2, Туми 2, Бонефонд 1, Каусе 1, Кафтичник 1, Тручановичиус 1, Фаустин.    Седмерци: 2/2.   Исклучувања: 4 минути.

Металург: Арсиќ (3 одбрани), Томовски (4 одбрани), Јагањац 6, Кузмановски 5, Пешевски 4, Велковски 4, Анџелиќ 1, Лапајне 1, Токиќ 1, Димитриевски, Дрогришки, Гуглета, Илиќ, Палевски, Петров и Танкоски.    Седмерци: 1/2.   Исклучувања: 6 минути.

Судии: Џаспер Мадсен и Хенрик Мортенсен од Данска.

Делегат: Феликс Ратз од Швајцарија.

Прочитано 633 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 + = 10