ЛУКА ЦИНДРИЌ ПОТПИША ЗА МЕТАЛУРГ. ФОТО

08.01.2014 15:51
banko4_resize

rk-metlurg-logo_final_resize

Лука Циндриќ (20 години, 185 см, 90 кг), најдобар стрелец во хрватската Премиер лига, е нов ракометар на Металург, потпишувајќи попладнево двегодишен договор.

– Многу сум среќен и почестен што врвен ракометен стручњак како Лино Червар виде потенцијал во мене и ме повика да бидам дел од ракометното семејство Металург. Голема е одговорноста и очекувањата што ги имаат од мене, да играм на позицијата на која настапува еден од најдобрите балкански ракометари, Наумче Мојсовски. Ќе сторам се` што е во моја моќ да ја оправдам довербата на тренерот Червар и да бидам достојна замена за еден врвен играч – изјави новиот централен бек на Металург.

Циндриќ, кој претходно играл во Огулин и во Сењ, сезонава настапуваше за хрватскиот клуб Карловац со кого заврши на третото место во домашното првенство и воедно се пласира во осминафиналето од Челинџ Купот на ЕХФ, а покрај тоа што беше најдобар стрелец беше и најдобар асиатент во лигата. Металург од порано покажа интерес за младиот Хрват, а повредата на Наумче Мојсовски само го забрза ангажманот на Циндриќ.

Лука Циндриќ по 15. одиграни кола во Премиер лигата има постигнато 131 гол од 210 обиди, со просек од 8,73 гола по натпревар. Лука е и добар изведувач на седмерци, па има 31 постигнат гол од 35 обиди (89 %). На листата на најдобрите асистенти во Премиер лигата, Циндриќ е водечки, со 68 асистенции (4,53 по натпревар).

Фото: Бансколиев (“Н.Македонија“)

Прочитано 7.411 пати

(23) Коментари

  1. Da donesevte nekoj iskusen rakometar ke bese potegov za pozdrav, a vie nosite dete od hrvatska na pozicija i vozrast na Martin Manaskov. Pa zar ne mislite deka e popametno Martin da steknuva iskustvo a ne Luka? Martin moze da bide idninata na makedonskiot rakomet, a Luka za zal ke pomine isto kako Topic, koj isto taka dojde kako golemo zasiluvanje od presilnata hrvatska liga.

  2. Treba na Martin da mu se dade poveke sansa!

  3. Dali ke ima pravo za nastap vo ligata na sampioni ???

  4. Ma bravo Luka čestitam ti od sveg srca, pokaži ti njima kako se igra rukomet…. nadam se za koji mijesec da cemo te gledat u repki,… samo naprijed Luka!!!!!!!!!!!!

  5. na prefaleni jagodi so golemi kroshni ne odi….ova mirisa ko Topic 2….nek vi e so sreka ….

  6. Statistikata na noviot igrac e za respekt…. 20 gidisen igrac ,no podatocite sto gi citam se neverojatno dobri …no mnogu e pobitno kako igracot ke se vklopi vo ekipata…ke vidime …ili ke uspee ili ne daj boze ne.Licno jas mu posakuvam mnogu sreka!

  7. Со среќа нека е на најмладото засилување на Металург. Играчот нека игра па тогаш судете, без разлика што е млад, сите така почнале па гледате каде се денеска, и ве молам без злобни коментари за луѓето работници, за играчите.

  8. Idemo klica samo jakooo! Pokaži kako se igra 😀

  9. Luka navijam za tebe i ekipu…cestitam i samo hrabro u nove pobjede!!!

  10. moze deckoto e dobar rakometar ali sepak mislam deka ako veke se zemase zasiluvanje trebase nekoj iskusen,sto ima igrano teski natprevari..a deckovo e od 3 tim vo hrvatska liga sto momentalno e poslaba od nasava!podobro ke bese na martin manaskov,talevski.. da im se dade moznost.ali ke vidime ova e samo moe mislenje

  11. Samo naprijed Luka najbolji si!!!

  12. Ja verujem u Lina i njegov izbor.

  13. Само да подсетам .
    12/24/2013 – Фан прашува: .
    ” Дали е вистина дека се преговара со Лука Циндрик како можна замена за Мојсовски ? \r\n Ако е вистина тогаш ве молам немојте повеке да промовирате дека работите за иднината на Македонскиот ракомет бидејки таков ракометар со исто годиште и со можда подобар квалитет го имате во Металург Јуниор ( МАРТИН МАНАСКОВ ).\r\n Ве молам немојте да се случи она што се случува во Вардар да има се освен Македонци .\r\n Голем поздрав и се надевам дека ке добијам и одговор . \r\n ”
    Одговор:
    Вие во исто време и прашувате и пресудувате. До овој момент никој од Металург не преговарал со споменатиот ракометар, а неговото има само еднаш беше спомнато од страна на Червар, како ракометар со голем напредок.

    • Во моментот кога го поставивте претходното прашање (24 декамври) така и беше. Никој во Металург не преговарал со Лука Циндриќ, чие име беше спомнато како интересен ракометар само еднаш и тоа многу пред повредата на Мојсовски. Контактот е воспоставен по нова година, додека нашиот шеф на стручниот штаб ги минуваше празниците во Хрватска.

  14. Ajmo lukec pokaži ti njima malo kako se igra rukomet u Hrvatskoj

  15. Kako shto znam i Martin Manaskov e najdobar strelec vo super ligata,i gi ima skoro istite brojki kako vasheto novo zasiluvanje.Zashto nego go kocite i ne mu davate sansa?

    • Martince ima zosto da se trudi a Luka moze e samo na propatuvanje ko Topic.

  16. A ja mislio da su Makedonci gostoljubiv narod. Vidim da neki Luku dočekali na nož. Žalosno.

  17. Mislim da dovoljno govori sto o Luki lose komentare pisu samo oni koji nemaju pojma o njemu i koji nikada nisu vidjeli kako igra !!!
    Luka , samo ti njima pokazi da su u krivu !
    SRETNO ! :)

  18. samo naprijed luka,makedonci te vole,samo malo glume.

  19. Ne znam zosto ne mi e objaven komentarot no sepak se nadevam deka ke go objavite.Pozdrav

    • Не објавуваме коментари во кои погрдно се зборува за наши тренери, играчи или раководители.

Напишете коментар


− 7 = 2