Топ Вести

ЛУКА МРАКОВЧИЌ: ПРВИОТ НАСТАП ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ СЕ ПАМЕТИ ЦЕЛИОТ ЖИВОТ

04.10.2015 14:28
AND_4007_resize

za tekst

По само две одиграни кола во Лигата на шампионите, ЕХФ го нарече “Новиот маестро на Металург“, а навивачите веќе го слават како главна ѕвезда во клубот, заедно со Јанко Божовиќ.

Лука Мраковчиќ експресно ги освои срцата на љубителите на ракометот, а по својата игра и борбеноста тој ги потсетува на клупската легенда Филип Миркуловски.

Во Металург дојде во тежок период за нашиот клуб, по се што му се случи во изминатата година. Што те наведе да ја прифатиш нашата понуда ?

– Клупските истории се полни со падови и подеми, тоа е нормална појава и таков е случајот и со Металург. Но, ако се сака, може да се надмине секоја криза, а Металург очигледно сака. Металург е голем клуб, кој остави длабока трага со своите настапи во Лигата на шампионите во изминатите години и затоа без многу размислување ја искористив својата шанса и ја прифатив поканата. Сметам дека тоа е исчекор напред во мојата кариера и дека, покрај тренер каков што е Лино Червар, ќе напредувам и ќе станам подобар ракометар.

Играш одлично од самиот почеток на сезоната. Се работи за твоја топ-форма или секогаш играш на ова ниво ?

– Не сум размислувал за тоа. Секогаш се обидувам да го дадам својот максимум и на секој натпревар играм со посебен мотив, а тоа засега изгледа добро.

Веќе те забележаа во ЕХФ, кој сними видеоматеријал во кој те нарече “Новиот маестро на Металург“. Ти годи ли тоа ?

– Бев многу изненаден од тоа, секако дека не го очекував, особено не по само два одиграни натпревари. Не смеам да лажам – то ми годи и чувството е навистина убаво. Но, тоа е и обврска да играм уште подобро и да го оправдам високото мислење на луѓето од ЕХФ.

Кога сме кај Лигата на шампионите, каво е чувството да дебитираш во ова најсилно ракометно натпреварување во ракометниот свет ?

– Првиот настап во Лигата на шампионите се памети цел живот, бидејќи чувството е посебно. На почетокот имав малку позитивна трема, но таа брзо исчезна и остана само натпреварот и противничкиот гол пред мене. После тоа ништо друго не е важно, освен да дадеш се од себе и да уживаш во играта.

Металург е во серија од две победи во Лигата на шампионите. Можеме ли да издржиме со ова темпо ?

– Сметам дека можеме да продолжиме со ова темпо, ако секој натпревар го играме како последните два, а тоа значи дека секој ќе треба да продолжи да дава максимум од себе, сериозно да работиме на тренинзите и да ја одржиме одличната атмосфера во тимот.

Какви се, според тебе, реалните шанси на Металург во Лигата на шампионите ?

– Тешко е да се проценат по само три одиграни кола. Нашата политика во клубот е да се оди чекор по чекор, натпревар по натпревар, па тоа и ќе ги покаже нашите шанси во Лигата на шампионите. Излезот од групата е наша цел и ја се надевам дека таа е реална и можна.

Малку си во Скопје, но дали веќе имаш формирано мислење за животот во нашиот град ?

– Навистина не сум долго во Скопје и немав многу прилики да го прошетам, но тоа што го видов многу ми се допаѓа. Многу убав град и навистина прекрасна кујна.

 

 

Прочитано 1.193 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 6 = 12