Топ Вести

МАКАБИ СОВЛАДАН, НА РЕД Е ХАСЛУМ

12.09.2011 16:01
17782_458930027451526_1144616643_o_resize

Металург го совлада домаќинот на квалификациониот турнир, Макаби, со резултат 27:19 (13:7). Завршена е половина од работата, за останатото, утре ќе се пресметаме со Хаслум кој, во првото полуфинале, го порази Хафнарфјордур, со резултат 36:29.

Средбата против Макаби, а од која помалку стравувавме, помина според нашите најдобри желби. Противникот се спротиставуваше до 16-тата минута, на три пати имаше и водство (4:3, 5:4 и 6:5), а потоа, попушти по сите рабови. Макаби, следните 14 минути постигна само 1 гол, а прими дури 8. Полувремето го завршивме со резултат 7:13, при два неискористени седмерци на Марковиќ и Стојчевски. Повторно одлучи нашата цврста одбрана, тешко совладлива и за многу посилни противници.

Вториот дел помина во рутинска игра на нашиот шампион. Металург ја контролираше својата предност, Макаби беше немоќен да стори нешто повеќе. На крајот победа со 8 гола разлика, реална и наша. Металург е во финале и утре во 17.00 часот, по наше време, на патот до групната фаза во Л.Ш. ќе ни се испречи норвешкиот Хаслум. Нашата желба за успех, желбата да се надокнади ланскиот неуспех, е толку голема што Хаслум утре ќе се најде на погрешно место, во погрешно време…

Макаби – Металург  19:27  (7:13)

Металург: Станиќ 15 одбрани, Ангелов 1 одбрана, Ракчевиќ 7, Марковиќ 6, Миркуловски 1, З.Мојсоски 3, Н.Мојсовски 5, Алушевски 4, Левов 1, Манасков, Стоилов, Маркоски, Козлина, Јоновски, Стојчевски и Димовски.

     2:3, 4:3, 5:5, 6:9, 7:11, 7:13 (полувреме) 10:14, 13:18, 16:22, 17:24, 17:26, 19:27 (крај)     на секои 5 минути

Натпреварот го пренесувавме (резултатски), на нашиот сајт. Иако, повремено, имаше застој поради пребукираност, сепак успеавме да ја доловиме атмосферата во Тел Авив. Вработените во Металург беа собрани во клупските простории и со своите срца беа во Тел Авив, со нашите. Горди сме на нашите момци, и утре очекуваме да го повторат денешниот успех.

Сите симпатизери ги каниме да го проследат утрешниот натпревар, следејки го резултатот на нашиот сајт.

Прочитано 1.796 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + 6 =