Топ Вести

Македонија го совлада Алжир и обезбеди настап во четврт-финалето на СП во Алжир

26.07.2017 16:27
20286786_1203774829726685_5082610681190913700_o

Неверојатен успех постигнаа нашите јуниори со победата над селекцијата на Алжир, со која обезбедивме настап во четврт-финалето на СП во Алжир и влеговме во топ-8 најсилни ракометни нации во светскиот младински ракомет.

Македонија пред малку го совлада Алжир, со резултат 24:20 (11:10), со фантастична игра во второто полувреме.

Гледавме тежок натпревар во кој Македонија, несомнено поквалитетна од својот противник, против себе ја имаше и арената исполнета со домашни навивачи.

Првото полувреме мина во рамноправна игра. Македонија беше подобра во првата половина, а Алжир во остатокот од ова полувреме. И двете репрезентации имаа свои периоди и повремено водеа со максимални два гола разлика. Првото полувреме заврши со резултат 11:10, со минимална предност за нашиот противник.

Требаа да минат четири минути во продолжението, пред Македонија да го врати водството, а потоа уште дваесетина пред Македонија за првпат да создаде предност од три гола, 16:19. Иако Алжир направи се за да се врати во игра, македонските ракометари не само што не дозволија пресврт, туку стигнаа и до максималните пет гола разлика, во 59. минута, 18:23.

Средбата заврши со резултат 24:20, а Македонија веќе утре ќе настапи во четврт-финалето, каде за противник ќе го има актуелниот светски шампион од првенството во Бразил – селекцијата на Франција.

Алжир – Македонија  20:24 (11:10)

Македонија: Томовски (4 одбрани), Даниловски (3 одбрани), Лазаревски 1, Димитриоски, Јагуриновски, Нелоски, Танкоски, Велковски 3, Шилегов 3, Петровски, Талески 8, Кузмановски 3, Крстевски, Џонов, Палевски 4 и Арсеновски 2.    Седмерци: 1/3.

Прочитано 0 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 2 = 7