Топ Вести

Македонија ја посрамоти Русија

29.07.2017 16:32
20280327_1419634191418187_983365971362257450_o

Во своето најдобро издание на СП во Алжир, Македонија ја декласираше силната Русија и обезбеди учество на натпреварот за петтото место, каде за противник ќе го има победникот од средбата Тунис – Унгарија.

Видовме неверојатна игра од нашите јуниори, кои целосно го надиграа противникот и веќе после 30 минути имаа предност од дури 10 гола, 21:11. Русите, кои на ова првенство покажаа добри резултати и кои ја елиминираа и една Хрватска, денеска беа целосно надиграни и немаа никакви шанси против разиграната Македонија.

Во второто полувреме нашите ракометари во четири наврати имаа и максимални +14, првпат во 36. минута, 25:11, но потоа го забавија темпото и му дозволија на противникот барем малку да ја намали огромната разлика. Со голот во последната секунда, Русија успеа да избегне двоцифрена бламажа, но сепак го доживеа својот најтежок пораз на ова првенство. Ова е втора победа на Македонија против “Зборнаја“, откако убедливо ја совладавме и во групната фаза, 29:22.

Мечот за петтото место се игра утре, со почеток во 14 часот.

Македонија – Русија  36:27 (21:11)

Македонија: Томовски (11 одбрани) 1, Даниловски, Лазаревски 4, Димитриоски 2, Јагуриновски 3, Нелоски 1, Танкоски, Велковски 6, Шилегов 1, Петровски, Талески 4, Кузмановски 7, Крстевски, Џонов 1, Палевски 6 и Арсеновски.    Седмерци: 4/5.    Исклучувања: 2 минути.

Прочитано 0 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 + = 7