Македонија ја “прегази“ Саудиска Арабија

04.01.2018 20:25
26198212_1380854535352046_3495277997140607131_o

Македонската сениорска репрезентација со убедливи 37:21 (19:11) ја совлада Саудиска Арабија, на првиот од двата пријателски натпревари што се играат во Белград.

Само во првите пет минути од средбата резултатот беше неизвесен, а потоа Македонија, со погодоците на Лазаров, Манасков и Георгиевски, се одлепи на 9:5 и до крајот од средбата само го зголемуваше водството. Во последните 10 минути од првото полувреме Македонија направи серија од 7:1 и на пауза замина со предност од 8 гола, 19:11.

Разликата продолжи да се зголемува и на стартот на второто полувреме, кога, со одлична игра во одбраната и лесна реализација од контра-напади, нашата селекција поведе и со највисоки 30:14. Рутинската завршница на натпреварот ги донесе конечните 37:21.

Македонија – Саудиска Арабија 37:21 (19:11)

Стрелци за Македонија: Талески 5, Ојлески 5, Поповски 4, Манасков 3, Лазаров Кирил 3, Маркоски Никола 3, Георгиевски 3, Кузмановски 3, Стоилов 2, Пешевски 2, Велковски 2, Лазаров Филип 1, Миркуловски 1

Избраниците на Раул Гонзалез утре ќе ја одиграат и втората пријателска средба во Белград, што воедно ќе биде и последна подготвителна средба пред ЕП во Хрватска. Противник на нашите сениори утре ќе биде домаќинот Србија, а овој натпревар ќе се одигра во СЦ Вождовац, со почеток во 18 часот.

Прочитано 1.227 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 2 = 1