Топ Вести

Македонија заедно со Словенија и Црна Гора испрати заедничка кандидатура за организација на женското сениорско ЕП во 2022 година

06.09.2017 13:22
20414147_1908066132786102_6133116538721238495_o

По истекот на рокот за доставување на писма со интерес на 1 септември, Европската Ракометна Федерација (ЕХФ) денеска ги објави сите пристигнати кандидатури за ЕП во сениорска конкуренција во 2022 и 2024 година.

Македонија испрати заедничка кандидатура со Словенија и Црна Гора за организација на ЕП во женска сениорска конкуренција во 2022 година, што ќе се игра во периодот од 4 до 20 ноември 2022 година. Кандидатурата на Македонија, Словенија и Црна Гора е единствена за првенството во 2022 година.

Во наредниот период ќе следуваат неколку фази за спроведување на кандидатурата, кои, меѓу другото, содржат инспекција на одговорните лица од ЕХФ и евалуација на кандидатурата. Конечната одлука за доделување на организацијата на првенството ќе биде донесена на ЕХФ конгресот во Глазгов на 18 и 19 јуни 2018 година.

Прочитано 20 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 2 = 5