Македонските кадети и јуниори ќе настапат на реномираниот “Балатон Куп“

08.03.2018 14:04
kadeti-(1)-(2)

Македонските кадетска и јуниорска репрезентации (генерациите 1998 и 2000) на крајот на овој месец, предводени од селекторот Данило Брестовац, ќе настапат на турнир во Унгарија – реномираниот “Балатон Куп“,  кој е еден од најпрепознатливите турнири за младински категории во Европа и кој е влезен во календарот на ЕХФ уште од пред 15 години.

Се работи за масовен турнир на кој настапуваат репрезентации и екипи од повеќе земји. Традиционално, тука се Веспрем, Пик Сегед, ППД Загреб, Целје, Горење… а сега ќе ги видиме и двете македнски репрезентации.

.

Бидејќи на 90 % од екипите во кои играат македонските репрезентативци им недостасуваат меѓународни натпревари, се решивме за ваков потег. Мораме да направиме и меѓународна километража, имаме играчи на кои им недостасуваат натпревари, посебно против врсници од други држави. Овој турнир е силен и ќе биде значајно искуство за овие играчи. Мораме така за да напредуваме… “, вели за Г-Спорт.мк селекторот на македонските репрезентации Данило Брестовац.

Прочитано 319 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 2 = 4