Топ Вести

Мартин Серафимов е само вториот 17-годишен ракометар, кој сезонава постигна гол во Лигата на шампионите

14.10.2017 18:49
GIL_6088_resize_resize

Металург го доби гостинскиот натпревар против Чеховски Медведи, но, покрај важните бодови, нашата екипа доби и нова ѕвезда во својот состав.

Младиот Мартин Серафимов, кој има само 17-ет години, денеска постигна три гола. Тој е само вториот ракометар, роден во 2000 година, кој сезонава поентираше во Лигата на шампионите. Пред него тоа му успеа уште само на Домен Макуц од Цеље ПЛ.

Освен Серафимов, денеска се истакна и Марио Танкоски, кој има 19-ет години и кој денеска исто така постигна три гола, четири во досегашниот тек на сезоната во Лигата на шампионите.

Прочитано 0 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 8 = 10