Топ Вести

Мартин Серафимов е убедливо најдобриот стрелец на турнирот во Полска

29.10.2017 19:19
GIL_6125_resize

Ракометарот на Металург Мартин Серафимов, кој беше дел од кадетската репрезентација на Македонија, е прогласен за најдобар стрелец на меѓународниот кадетски турнир во Плоцк (Полска).

Серафимов на средбата со Белорусија постигна 11 гола, на натпреварот со Полска на своето конто додаде уште 14 гола, а на денешниот меч со селекцијата на Чешка заврши со 9 погодоци. Со вкупно 34 постигнати гола, Мартин Серафимов е убедливо најдобриот стрелец на турнирот.

Да потсетиме, иако има само 17 години, Мартин Серафимов веќе има искуство и во Лигата на шампионите, а на последната средба, против екипата на Чеховски Медведи, тој постигна три гола. Тој е само вториот ракометар, роден во 2000 година, кој сезонава поентираше во Лигата на шампионите. Пред него тоа му успеа уште само на Домен Макуц од Цеље ПЛ.

.

martin-serafimov-(1)

Мартин Серафимов, со денеска освоениот трофеј за најдобар стрелец на турнирот во Плоцк.

Прочитано 101 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − 7 =